Промотер

Кој е тој што за Ајана е – „Топ на листа“? (ВИДЕО)

Кој е тој што за Ајана е – „Топ на листа“? (ВИДЕО)

Дали и со новата песна насловена  “Топ на листа“, младата Ајана ќе биде прва на нашите топ листи како што тоа беше случај со нејзината прва песна „Не ме моли”, со која се лансираше на естрдното небо, останува набрзо да видиме.

Она што можеме да заклучиме е дека синооката Ајана изгледа и се однесува многу попрофесионално во овој нејзин нов проект.

Песната е во трап стил и овој пат Ајана се појавува самата како автор на текстот и музиката. Аранжманот битот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо, додека пак видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production.

Снимањето на спотот се пролонгираше поради целата ситуација во државата, но по одредена пауза се досними и вториот дел од спотот. Се снимаше на две локации во Скопје и во теретаната на хотел “Парк”.

На кого Ајана на мегафон им довикува дека е прва на топ листа…дознајте од видеотот во продолжение, кое се промовиташе на You Tube каналот на Urban Records.