Радио Милева
од шанк во спалната

Кога Ивана Наскова ќе легне, нејзиниот „совршен странец“ станува „совршена плескавица“! (ВИДЕО)

Кога Ивана Наскова ќе легне, нејзиниот „совршен странец“ станува „совршена плескавица“! (ВИДЕО)

Ивана Наскова јавноста ја запозна како радио и ТВ водител на емисијата „На шанк“.

Покрај тоа таа е и стендап забавувач, писателка и автор на книгите „Совршениот странец“, „Сестра“, „Вети ќе ме сакаш“, „Секогаш те одбирав тебе“…

Но,  од пред некое време или поточно неколку години, неа ќе ја препознаете и како лик од ТВ реклама за еден познат македонски бренд за мебел.

А кога веќе ваква долгонога, расна убавица треба да рекламира мебел, прво што ви паѓа на памет е спалната соба…

Оттаму, некој проценил дека  долгоногата русокоса „сестра“ од пред „ТВ шанкот“,  совршено прилега за рекламирање на таканаречениот „брачен сексодром“, па ете ти како Ивана се најде среде „брачна неволја“.

А и приказната за рекламното видео кое го снимил Дарио Јанковиќ е брачна класика: Се враќа мажот дома, жената раскомотена во брачниот кревет од спалната, нормално, нерасположена за размена на нежности со сопругот под изговор дека ја боли главата, а всушност ја боли „таквото“ за него, зашто веќе следниот кадар покажува дека не е до главата…Барем не до нејзината… И иако, „вети ќе го сака“, посакала и нешто повеќе.

Ама за малерот да биде поголем, ниту креветите не се тоа што некогаш биле, освен ако претходно не ги тестирате уште во самиот салон… Кој со мажот, кој со швалерот, секако!

А кога  Ивана Наскова ќе легне… нејзиниот „Совршен странец“ станува „совршена плескавица“!

За да не ја повтори истата грешка, оттогаш таа купува мебел само на одбрано место и „секогаш го одбира него“!

Како изгледа оваа брачно – швалерска драма помеѓу писателката, „совршениот странец“ и несовршениот кревет, погледнете во рекламно-хумористичното видео во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Naskova (@ivananaskova) on

Останати вести од Радио Милева