Промотер

Калиопи и Жељко Самарџиќ четиридецениското пријателство го крунисаа со дует – „Знам“ (ВИДЕО)

Калиопи и Жељко Самарџиќ четиридецениското пријателство го крунисаа со дует – „Знам“ (ВИДЕО)

Калиопи Букле и Жељко Самарџиќ четиридецениското пријателство го крунисаа со дует наречен „Знам“, а вчера, среда 19-ти април во Белград  се одржа регионалната промоција на истиот.

Нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил се јавува како комплетен автор на песната. Тој е композитор на музиката, го напиша текстот  и го потпишува аранжманот, па додека говорела за создавањето на песната, Калиопи дури и се расплакала, бидејќи како што вели оваа песна буди посебни емоции.
Во интервју за насобраните медиумски екипи, пејачката открила дека оваа песна за неа е посебна:

„Штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“, почнала да раскажува Калиопи со солзи во очите и додала:

„Солза ти дојде од страна, кога имаш солза не плачеш, туку емоциите ти излегуваат од една солза. Тоа е исконско чувство, нема врска со нешто од секојдневието, животот нè втемели во машина. Оваа песна ме успори малку и тоа навистина ми требаше. И јас во последните неколку години, како и сите ние, доживеав работи кои не натераа да размислуваме за себе и за другите. Да споделиш песна со некого е да споделиш душа“.

На самата промоција на песната беше промовиран и видеоспотот за истата чија режија и комплетна реализација ја потпишува Александар Ристовски – Принц.

Промоција ќе има и во Македонија, а истата ќе се одржи на 25-ти април точно напладне, со почеток во 12 часот во во еден од култните скопски места за аудиофилите, „Аудиокултура“ лоцирана во скопската населба Тафталиџе.

Во меѓувреме слушнете како звучи и изгледа кога Калиопи и Жељко заедно во дует пеат – „Знам“ (КЛИКНИ ТУКА):