Радио Милева

„Како да беше крај на светот“: Душко Тошиќ откри низ каков пекол поминал во Кина поради коронавирусот

„Како да беше крај на светот“: Душко Тошиќ откри низ каков пекол поминал во Кина поради коронавирусот
фото: инстаграм

Душко Тошиќ раскажува дека поминал низ драма кога си заминувал од Кина во периодот кога почнала да се шири короната.

Тошиќ за турскиот портал „Фанатик“ откри дека морал да ја напушти Кина.

„Знаевме за коронавирус, моравме да бидеме внимателни. Сепак, после тренингот ми се приближи тренерот и ми кажа: „Кога ќе завршите веднаш да се вратите дома и не се задржувајте“. Во тој момент започнаа да се откажуваат летовите од Кина, но некако успеав да го најдам последниот лет со „ “Turkish Airlines”– вели фудбалерот.

фото: инстаграм

Тој објаснува дека убаво го памети патот кон аеродром.

„Тоа што го видов беше неверојатно. Како да беше крај на светот. Ни тогаш не чувствував страв. Навијачите на Бекшиташ ме нарекуваа „Тенк“, а тенкот не се плаши од ништо. Се трудев да останам смирен“.

фото: инстаграм

Тој пристигнал во Истанбул, а отаму заминал во својот дом во Белград каде што бил во изолација еден месец.

„Подоцна заминавме да тренираме во Дубаи, лигата е одложена, но некои играчи почнаа да се враќаат додека вирусот се шири низ Европа“.

фото: инстаграм

На Тошиќ проблем му прави тоа што не може да се врати во Кина.

„Играчите како  Грацијано Пелеа, Оскар, Марко Арнаутовиќ и јас, не можеме да се вратиме во Кина бидејќи немаме летови. Но, мораме некако да се вратиме. Сите имаме договори со клубовите“ вели сопругот на Јелена Карлеуша и додава дека осум дена не ги напуштил домот.

За потсетување, неодамна во медиумите се појавија гласини дека Карлеуша го пријавала Душко за фзичко насилство, но таа ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека полицијата го набљудува домот затоа што проверува дали фудбалерот ги почитува правилата за изолација.

Останати вести од Радио Милева