Промотер

Јутјуберот пропеа: На Стефан Стеф секој ден му е – “Горе – долу” (ВИДЕО)

Јутјуберот пропеа: На Стефан Стеф секој ден му е – “Горе – долу” (ВИДЕО)

Младиот Стефан Ивановски, попознат како Стефан Стеф  кој  доаѓа од Битола, неодамна ја сними својата прва песна „Горе-Долу”. Текстот и музиката за песната ги напиша Дарко Јоцковиќ (Шабако), додека Мими Марковски е продуцент. Песната е снимена во познатото “Гимел студио”, додека видео спотот е во режија на Дејан Трајчевски и истот е снимен во Битола.

Инаку, Стефан  е млад јутубер кој почнал да снима видеа за YouTube во 2020-та година, за време на коронавирусот, и оттогаш има постигнато голема популарност на неговиот YouTube канал: Stefan Stef.

Досега има снимено разно-разни видеа презентирајќи предизвици, како и видеа со познати македонски јавни личности. Се школувал во средното медицинско училиште  отсек – фармација, а по завршување на првата година на Славјанскиот Универзитет студиите ги става во мирување и се посветува на YouTube и снимање на видеа.

Талентот за музика го наследил од страна на семејството на дедо му чии членови свиреле на гајда и кларинет. Можебе затоа во неговата дебитантска песна и провејува стилизацијата на фолк мотивот од познатата песна „Твоите очи, лено мори“. Војаж е неговиот регионален музички избор и идол.

Во продолжение, погледнете го неговиот видеоспот за дебитантската песна “Горе Долу”.