Живот и Стил

Истрчал маратон на тераса во време на изолација

Истрчал маратон на тераса во време на изолација

Французинот Елиша Нохомовик, од градот Тулуз, успеа во изолација, на тераса, да истрча маратон. Со тоа покажа дека, и покрај изолацијата поради коронаврусот, некои нешта, сепак, се можни и изводливи.

Маратонецот на својата седум метри долга тераса, истрча маратонска норма од 42,2 километра движејќи се непрекинато напред-назад, шест часа и 48 минути.

Според Нохомовик, тоа било повеќе како ментален, отколку физички предизвик… „Но, и комичен чин во оваа луда ситуација кога домот се претвора во затвор”, како што истакна маратонецот.

Слики од сѐ тоа тој сподели и на социјални мрежи, како знак на поддршка кон медицинските лица – хероите на денешнината.

извор: Курир.мк