Радио Милева
остварена цел

Сања Кужет горда на својот успех: „Што ли следно ќе смислам?“ (Фото)

Сања Кужет горда на својот успех: „Што ли следно ќе смислам?“ (Фото)

Сања Кужет е една од најпознатитe водителки, а поради својот атрактивен изглед често е во центарот на вниманието.

Водителката секогаш истакнува колку го сака здравиот живот и како се грижи за својот изглед, а пред сѐ за своето здравје.

На годинешниот  белградски маратон убавата водителка учествуваше  на трката долга 21 километар и издржа до крај.

Сања истрча полумаратон за 2 часа и 41 минута, а ова и е прво учество за кое вредно се подготвуваше со месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

„Почнав да трчам во септември, мојата пријателка ме воведе во овој свет на трчањето, но секако самоиницијативно. Минатото лето имав желба (за прв пат) да почнам да трчам“ – изјавила Сања за „Прва“.

Сања истакна дека се било баш како што планирала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Таа изјави дека е горда на себе, но и на семејството и пријателите кои и давале поддршка за време на подготовките за самиот маратон, за „новопечената маратонка“ да го истрча „почесниот круг“!

Фото:Принтскрин/Инстаграм/sanja_kuzet

Останати вести од Радио Милева