Радио Милева
урнебесно

Хит видео: Полиција ги сопре Кеба и неговиот син Игор, а наместо казна пејачот на крај си побара пари (видео)

Хит видео: Полиција ги сопре Кеба и неговиот син Игор, а наместо казна пејачот на крај си побара пари (видео)

Игор Којиќ, синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, објави урнебесно видео од неговиот татко и припадниците на полицијата.

Имено, Игор и Кеба биле запрени од сообраќајната полиција, а пејачот им ги испеал стиховите на големиот хит од 1996 година „Немам драге“.

Сообраќајците со ентузијазам го слушаа и пееја со него, а кога заврши, пејачот се пошегува со нив и рече:

-Вади пари, вади пари ајде!

Игор успеа да го сними овој момент и да го стави на социјалната мрежа Инстаграм, а Кеба покрај сообраќајците секако ги насмеа и своите обожаватели.

видео: Instagram/ igorkojic

фото: Instagram printscreen/ dragankojickeba

Останати вести од Радио Милева