Радио Милева
поранешна снаа

„Немој, Кеба е во жирито“: Саша Поповиќ забрани да се пее песна од Северина во „Ѕвездите на Гранд“

„Немој, Кеба е во жирито“: Саша Поповиќ забрани да се пее песна од  Северина во „Ѕвездите на Гранд“

Новиот член на жирито Драган Којиќ Кеба ја замени Ана Бекута, а сега поради него Саша Поповиќ на една од натпреварувачките и рекол дека поради фактот што пејачката Северина Вучковиќ му е поранешна снаа , да ги избегнува песните на оваа пејачка.

Антонија Черкез сакала да ја отпее песната на Северина, но Поповиќ, како што тврди, ја спречил во тоа:

– Пред некој ден ми се јави Антонија и ме праша „Сале, да му предложам на Босанецот да испеам некоја од песните на Северина“, а јас тогаш и реков: „Во никој случај во овој  круг, немој, Кеба е во жирито. , само погрижете се да го избегнете тоа. И еве јас бев во право, шест гласа има“ – рече Поповиќ.

По оваа шега збор доби Кеба, кој ги пофали настапите на двете натпреварувачкии и се пошегува на своја сметка.

– Антонија, пред се ми се допадна изборот на песни, секако немам ништо против да отпееш песна од Северина, нема проблем. Браво, секоја чест за тебе. Нема да кажам ништо лошо за Валентина, се гледа дека имаше некој проблем со нејзиниот глас, малку си ми рамна во пеењето. Мислам дека ти можеш многу подобро – изјави Кеба.

Фото: printskrin/instagram/zvezdegranda

Останати вести од Радио Милева