Радио Милева
пуштен дома

Ѓорѓе Давид се врати во Србија: Пејачот на прес конференција ќе ги обзнани сите детали за несреќата

Ѓорѓе Давид се врати во Србија: Пејачот на прес конференција ќе ги обзнани сите детали за несреќата

Пејачот Ѓорѓе Давид доби дозвола да ја напушти Македонија по сообраќајна несреќа во која налета на жена која се движеше по автопат и ја усмрти.

Имено, Давид пристигна во Белград и за утре најави конференција за медиумите на која ќе ги открие сите детали поврзани со сообраќајната несреќа.

Според последните информации, прво се судриле два автомобили, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. Како што се посочува во соопштението, до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивна насока.

„По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобилот со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала“, се вели во соопштението на обвинителството.

Како што се додава, издадена е наредба за обдукција на жртвата, но и за преглед на примероци од крв и урина на останатите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди.

Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење за прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Утврдено е дека НЕ ​​БИЛ ПИЈАН!

На Давид му бил направен алкотест и било утврдено дека не бил пијан.

-Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена, рече Ѓорѓе.

Фото: Инстаграм/djordje_david

Останати вести од Радио Милева