Промотер

Ѓоко Јовиќ и Теодора – таткото и ќерката со заедничко авторство во песната – „Пламен на љубовта” (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ и Теодора – таткото и ќерката со заедничко авторство во песната – „Пламен на љубовта” (ВИДЕО)

Миленикот на сите генерации, фолк пејачот Ѓоко Јовиќ остана доследен на своето, па така и овој пат во етер пушти ново парче музика со што донесе свежина и кај публиката во ова жешко лето.

Она што е посебно за почит и што разбуди емоции кај многумина е тоа што текстот за „Пламен на љубовта” го напишала токму ќеркичката на Ѓоко, Теодора Јовиќ, на чиј текст музиката ја компонирал самиот Ѓоко, додека аранжманот, миксот и мастерингот  го потпишува Иван Јованов, попознат како Iwayo.

Спотот со кој е визуелизирана песната е изработен од „M16 – Sydney“ и “IN- Production“ сниман во Австралија, а кадри од Ѓоко се снимени во Македонија и со тоа е направен функционален видео спој на илјадници километри далечина, видео кое содржински  ја следи приказната од стиховите во целост.

Дека Теодора Јовиќ е талентирана и цврсто чекори по стапките на нејзиниот татко Ѓоко говори токму оваа песна.

На Вас останува да ја слушнете, погледнете видеото  и да уживате во нивната… „Пламен на љубовта“.