Промотер

Филип Јордановски со баладата „Без тебе“ победи на поп вечерта на „Охрид Фест 2018“ (АУДИО)

Филип Јордановски со баладата „Без тебе“ победи на поп вечерта на „Охрид Фест 2018“ (АУДИО)

Со песната „Без тебе“ на композиторот Владимир Дојчиновски – Дојчин и текстописецот Ристо Самарџиев, со македонскиот поп пејач Филип Јордановски ја освои првата награда од жирито на поп вечерта на годинешшниот фестивал „Охрид Фест 2018“ .

Ова воедно беше и враќање на сцената на поп пејачот кој направи пауза откако за прв пат стана татко, а токму неговата сопруга и синчето беа неговата најголема поддршка на фестивалот.

Последен пат на македонската музичка сцена Јордановски беше активен пред околу две години откако ја објави песната со патриотска содржина „Вечна Македонија“, а претходно и емотивната „Погледни ме“. Сепак, за време на двегодишната пауза пејачот  сосема не мируваше, па иако креативно не беше активен, тој сепак имаше и доста набиена агенда со настапи по кафулињата и клубовите како низ Скопје, така и ширум Македонија.

Како звучи победничката фестивалска балада „Без тебе“, дознајте во продолжение.