Радио Милева
раскош

Елка до плафон: Синот на Драгана Мирковиќ ја објави магичната атмосфера во замокот (фото)

Елка до плафон: Синот на Драгана Мирковиќ ја објави магичната атмосфера во замокот (фото)

Замокот на Драгана Мирковиќ е украсен со најлуксузните дрвја кои имавме можност да ги видиме оваа сезона во домовите на јавните личности.

Новогодишната елка во семејниот замок Ебенфурт е исполнета со украси во црвена и бела боја, додека треперливите лампиони изгледаат како целата магија на празникот да се спуштила на зелените гранки.

Под елката на Драгана Мирковиќ, која се простира од подот до таванот, има украсни фигури од јагниња, ангели и Дедо Мраз, кои додаваат топлина во луксузниот дом.

Во прекрасниот амбиент на виенскиот дом очигледно уживал синот на Драгана, Марко Бијелиќ, кој ја сликал елката и фотографијата ја објавил на својата социјална мрежа.

Не е тајна дека Драгана заедно со нејзиниот сопруг Тони го опремиле замокот со луксузен мебел, па освен елката можевме да видиме и скап лустер кој на собата и дава белег на гламур.

Домот на Драгана Мирковиќ пред божиќните и новогодишните празници изгледа како од бајка, а секоја година по повод католички Божиќ, Мануела и Марко, кои одамна не живеат со мама и тато, ќе го посетат семејниот дом и ќе ја прослават со заеднички одмор.

фото: Instagram printscreen/ dragana_mirkovic/ marko.vnm

Останати вести од Радио Милева