Радио Милева
летна комбиација

Елена Стефановска нема веќе емисија, ама затоа има инфлуенсерска мисија со еротска моќ: Реклама за сладок сон, возбудливи сништа или бурна ноќ (ФОТО)

Елена Стефановска нема веќе емисија, ама затоа има инфлуенсерска мисија со еротска моќ: Реклама за сладок сон, возбудливи сништа или бурна ноќ (ФОТО)

Кумановката со скопска адреса на живеење, русокосата Елена Стефановска стана позната по својот ТВ едиторијал „Живот со стил“. И претходно , а и откако се омажи и стана г-ѓа Најдоски, Елена продолжи да живе со стил, богато, раскошно, на висока нога, но тоа го прави навистина суптилно, одмерено и умешно.

Егзотични дестинации, луксузни ресорти, брендирана гардероба, обувки, накит, козметика, парфеми, аксесоари… Сето тоа – да, но не и нападно, безобразно и вулгарно, како што некои умеат да се фалат со она што го имаат, поседуваат или можат да си го дозволат.

Патем, некогашната ТВ водителка професијата ја замени со нова, престорувајќи се во познат инфлуенсерка која брендовите, производите и услугите умее на суптилен, но ефектен начин да ги рекламира. Секако, на општо задоволство… И нејзино и  на клиентот – сопственик на брендот, а и на неговата клиентела.

Затоа долгоногата убавица е и постојано барана и е меѓу малкуте од оние познати македонски дами, што меѓудругото живеат и од реклами на социјалните мрежи.

Пролетта полека напредува кон преддворјето на летото, па зимската гардероба треба да се замени со малку полесна и потенка или едноставно со летна! Меѓу останатото и она во што спиеме, особено дамите, а тоа се нивните пижами и ноќници, во кои нашите убавици треба да се чувстуваат пријатно, а истовремено да изгледаат  убаво, заводливо и секси дури и кога се во постела.

Така, Елена деновиве прифати нова предизвик, да ги рекламира токму ваквите производи на еден познат бренд.

„Ова што го носам на себе е долга наметка и пижами Ciao за жени кои сакаат да изгледаат совршено во секоја ситуација“ – напишала Елена покрај споделената фотографија на која седната на двоседот во истата таа комбинација, со прексрстени долги нозе и набрекнати брадавици на голите гради под пижамата, под која ништо друго и не носи, руокосата изгледа ем отмено и заводливо, ем возбудливо и секси.

Впрочем, такава е целата серија фотографии од која и сммата вели дека не знаела која да одбере.  Елена Стефановска можеби нема веќе емисија, ама затоа има инфлуенсерска мисија со еротска моќ… Најдобро тоа го покажува токму во рекламата за сладок сон, возбудливи сништа или бурна ноќ… Зависи каков среќник сте и покрај кого легнувате… да спиете!

Летна пижама која и прилега на секоја вистинска дама, особено, ако изгледа како Елена… Тогаш можат да ви се исполнат сите три предуслови: Возбудливите сништа да ви се претворат во бурна ноќ, која на крај ќе заврши со сладок сон во вашиот или нечиј друг дом.

Или на некоја сосема трета локација, можеби и на некоја егзотична дестинација?

 

Фото:  Инстаграм принтскрин/elena_zivotsostil

Останати вести од Радио Милева