Промотер

Елена Ристеска и детскиот хор „Поточиња“ со заедничка песна најавуваат роденденски јубилеј – „Мамо благодарам“ (ВИДЕО)

Елена Ристеска и детскиот хор „Поточиња“ со заедничка песна најавуваат роденденски јубилеј – „Мамо благодарам“ (ВИДЕО)

Во пресрет на јубилејниот 20-ти роденден на детскиот фестивал „Поточиња“,  македонската поп пејачка Елена Ристеска и Хорот Поточиња на публиката и подаруваат песна полна емоции посветена на секоја мајка.

Ова е година во која и Елена заедно со Поточиња одбележува 20 години на сцената и токму со „Мамо Благодарам” заеднички го најавуваат јубилејното издание на фестивалот кој годинава ќе се одржи во мај.

Музиката и текстот се на Оливер Пап, аранжманот на неговиот татко Мирослав, а заеднички го изработиле миксот и мастерингот за песната која е симена во нивното семејно „Студио Пап“.

Видеото го потпишува „2By4Digital“, а вие во продолжение погледнете го истото и слушнете ја „Мамо Благодарам” (КЛИКНИ ТУКА):