Радио Милева
излезе во јавност...

По обидот за физички напад кон неа, се огласи Елена Ристеска: „Ова ми се случи без причина и повод!“

По обидот за физички напад кон неа, се огласи Елена Ристеска: „Ова ми се случи без причина и повод!“

Информациите, поткрепени од извештајот во полицискиот билтен на МВР по што осамнаа написите во медиумите  дека  Елена Ристеска била физички нападната со тврд предмет од женско лице со иницијали Е.Т. во познат скопски ноќен клуб, јавноста бруи за скандалот и непријатноста која и се случила на пејачката.

Веројатно не можејќи повеќе да го издржи притисокот на јавноста која бараше пејачката да се огласи и да ја каже својата верзија на вистината, Ристеска наместо поединечно да одоговара на повиците на новинарите кои претходно ги игнорираше, реши да излезе со заедничко соопштение до медиумите и јавноста на социјалните мрежи, меѓу другото и на нејзиниот Инстаграм. Во својот пост насловен: ВАЖНО, пејачката напишала:

„Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.
Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.
После 21година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.
И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“ – споделила Ристеска.

Дали е тоа што го кажува е токму така ќе можеме да заклучиме од две нешта: Откако ќе ја слушнеме верзијата и на другата, во случајов „обвинета“ страна и секако од судската завршница по поднесената кривична пријава на пејачката кон својот напаѓач.

Фото: Инстаграм/elenaristeska_era

Останати вести од Радио Милева