Ништо лично
ништо лично

„Диво месо“… од „дивата лига“

„Диво месо“… од  „дивата лига“

Власта уште еднаш си ја покажа мизеријата на владеењето… Во случајов, мизеријата на умот, откако шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, довчерашниот активист на “шарените“ и братучед на Радмила Шеќеринска, Никола Наумовски се дрзна да „исплука“ величина на која не и е дораснат ниту до ноктите на ножните прсти, како што е драмскиот автор, писател и професор, покојниот  Горан Стефановски – легендата на македонската драматургија.

Горан Стефановски сиот свој живот твореше, создаваше, ја градеше и надградуваше македонскат култура и македонскиот идентитет преку своите генијални драмски дела кои ги признава и почитува не само Македонија туку и светот, зашто да бидеш професор на англиските универзитети, навистина треба да имаш и знаење и тежина на умот.

И додека великанот ги  создаваше своите капитални дела со кои Македонија и нејзиното постоење за навека ја промовираше во и надвор од нејзините граници, градејќи го и презентирајќи го нејзиниот културен идентитет, „шефот на кабинетот – малиот Никола во времето на таканаречената „Шарена револуција“ како една од нејзините ударни перјаници, затскриен зад грбот на сега владечката партија и блиските роднински врски со нејзините највисоки функционери, се тепаше по скопските улици и го уништуваше и она добро што е создадено и изградено.

Како награда по нивното доаѓање на власт и самиот станува власт… И тоа онаа – најлошата, која по ништо нема да се памети! Освен по промената името, бришењето на идентитетот,  аферите, скандалите, корупцијата, монтираните судски процеси… И секако по ваквите вербални или писмени „гнасотии“ надвор од умот, кои секој нормален би се замислил пред да ги изусти, а камо ли и јавно да ги објави!

Имено, десната рака на Петре Шилегов – Никола Наумовски,  посегна по големината на Горан Стефановски на најбезобразен, најбезобѕирен, највулгарен, најбесмислен и најпримитивен начин, со јавно омаловажвање на великанот на чии дела се поклонува цела Европа, па и светот, објавувајќи ја следната порака на својот Твитер профил:

Коментирајќи ја неговата психолошка личност, правејќи му психолошки профил на еден Горан Стефановски на неговиот роденден, тој него  го преставува како „националист, гастрбајтер кој морал да се докажува дека е постар и побогат од своите домаќини – странци“, а со тоа всушност Никола Наумовски си прави психолошки автопортрет на самиот себеси.  Прикажувајќи ја сопствената слика во туѓо огледало, малиот шеф на градоначалничкиот кабинет, не е ни свесен дека несакајќи станува и самиот лик од епохалните дела на оној, во кого се осмелил да го впери прстот! „Диво месо“  од „дивата лига“ која го владее овој питом Македонски народ!

Зашто како поинаку да се протолкува писанието на Наумовски во кое се обидел да го исмева она што го напишал и кажал големиот Горан Стефановски, при тоа исмевајќи го сопствениот род од кој и самиот потекнува. За жал, такви ја држат власта, ама и за наша среќа, што таквите се само  минорен „див израсток“ во здравото македонско ткиво. „Диво месо“ кое  кога – тогаш „хируршки ќе биде отстрането“…  Всушност, со ваков ум и однесување  „и без скалпел“ самото „ќе отпадне“!

Конечно погледнете го токму највпечатливиот извадок од драмата „Диво месо“ на Горан Стефановски и… ќе го препознаете ликот! Ликот и сличните како него, кои мислат дека Европа нив ги чека и ги бара?  „И се прди на Европа за вас!“  И неа, ама и нам… од таквите како Вас!

 

 

Останати вести од Ништо лично