Лице в Лице
на “Жешко столче“...

 Дијана Оу – Џи меѓудругото и отворено проговори за своите „Only Fans“ услуги: „Најбизарното нешто што ми го побарале е да им продадам свој и*мет и у*ина за 500 евра“! (ВИДЕО)

 Дијана Оу – Џи меѓудругото и отворено проговори за своите „Only Fans“ услуги: „Најбизарното нешто што ми го побарале е да им продадам свој и*мет и у*ина за 500 евра“! (ВИДЕО)

 Дијана Оу – Џи седната на “жешко столче“ јавно обзнани дека решила да се одјави… од македонската музичка сцена. Скромно тврди:  „Нема место за голема ѕвезда како мене под ова небо… Моите хоризонти се проширија. Успехот овде не може премногу да се уновчи, не мо може да ги задоволи моите апетити, а тие многу пораснаа. Мојата нова мисија е пробив на српската сцена, план кој полека почнав да го остварувам“.

Дијана за прв пат ја пофали и Луна, нејзината колешка која и го презема поранешното момче – проуцентот Тракер, како и нејзината нова песна, за која вели дека уште пред 6 месеци ја имала во нејзиниот компјутер, и се допаднала, но… како и Тракер и песната завршила кај конкурентката.

Пејачката потврди и дека ги слуша и следи и останатите домашни артисти: „Таско ми е како и секогаш млитав, а Пајак е супер… Го слушаат и горе, во Србија“ – вели Дијана.

Траперката кажа што мисли за учеството во ријалити, па откри дали се исплати да заработуваш преку релно шоу и дали и  ги исплатиле парите од „Задруга“.

„Тоа не е  за реален и толку искрен човек како мене. Моментално работам и заработувам како келнерка и шанкерка, ја работам и мојата „Онли фенс“ страница и правам музика. Да има денот повеќе од 24 часа би можела да работам уште три работи“ – вели динамичната скопска убавица со привремена белградска адреса на живеење.

„’Онли фенс’ е мојот прв  ‘in com’ за пари… До душа сум добивала се’ и се’што од понуди и барања, но сепак… има пари“.

„Најбизарното нешто што ми го побарале?  Да им продадам свој измет и урина за 500 евра!!! Во денешно време ништо не е нормално иако секој има свој фетиш и начин како се задоволува… Па, ако е тоа она што ги задоволува моите купци… јас сум тука да ги услужам“!

@iamdijanaog #zatebestranabalkan #dijanaog #foryou ♬ GoodFellas – Jala Brat & Buba Corelli & FT Kings

И покрај тоа, кога е љубовта во прашање, Дија Оу Џи потврди дека сега е најзаљубена на целиот свет: „Сега сум во врска и тоа не е ‘врска без врска’, зашто мојот партнер многу ме почитува во се’ што правам и не му пречи ниту мојот „Оnly fans“, дури доаѓа со мене кога снимам, ме слика и ми помагаа, се е супер… Цветаат рози“ – вели Дијана.

За пријтелите и непријателите, за среќата и парите, обожавателите и хејтерите, барањата и желбите… И за многу други нешта што ги кажа, раскажа и обзнани македонската траперка и горда  „Оnly fans“ сопственичка  Дијана Оу Џи, седната на „Жешкото столче“  кај нејзиниот домаќин Никола Трпковски,  ќе дознаете ако го проследите комплетниот разговор во видеото во продолжение:

Останати вести од Лице в Лице