Радио Милева
испливаа нови детали

Британски свештеник тврди: Лага е дека Меган Маркл и Хари се венчаа три дена пред официјалната церемонија

Британски свештеник тврди: Лага е дека Меган Маркл и Хари се венчаа три дена пред официјалната церемонија
фото: епа

Британските таблоди и јавноста се повеќе се сомневаат во деталите кои Меган Маркл ги изнесе во интервјуто кај Опра Винфри.

На многумина им е најсомнително тврдењето на поранешната актерка дека таа и принцот се венчале сами во својата градина три дена пред кралската венчавка и дека ги венчал надбискупот од Кантербери, Џастин Велби.

Тврдењето на Меган беше сомнително и за Марк Едвардс, заменик епископ, кој стапил во контакт со канцеларијата на архиепископот и побарал објаснување.

Едвардс го сторил тоа затоа што за време на карантин имал илјадници барања за приватни церемонии што морал да ги одбие бидејќи црквата не дозволува такви свадби.

фото: епа

Свештеникот Едвардс изјави дека едно лице од канцеларијата на архиепископот со кое разговарал во тоа време рекол: „Џастин имаше приватен разговор со парот за венчавката, но ве уверувам дека немаше свадба до настанот на националната телевизија“.

Венчавката на Меган и Хари била престава за јавност, тие тајно се венчале пред „свадбата на деценијата“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Бројни свештеници во Англија се сомневаа во зборовите на Меган, бидејќи правилата за венчавки на Англиската црква бараат најмалку двајца сведоци, а јавноста мора да има неограничен пристап до церемонијата за да се спротивстави.

Ниту еден пар во црква не може да се жени двапати освен ако првиот брак не бил важечки.

Останати вести од Радио Милева