Радио Милева
хуманост

Принцот Хари и Меган Маркл почнаа да чуваат кокошки па дури вдомија и туѓи (видео)

Принцот Хари и Меган Маркл почнаа да чуваат кокошки па дури вдомија и туѓи (видео)

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл „посвоија“ една од кокошките на познатата водителка Елен Деџенерис.

65-годишната водителка се огласи на социјалните мрежи и откри дека војводата и војвотката од Сасекс ја  посвоиле нејзината кокошка по име Синки, а причината за посвојувањето е многу пријатна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@ellendegeneres)

Синки стана популарна на Инстаграм кај Елен непосредно пред Божиќ. На 21 декември, Елен откри дека кокошката живее во нејзиниот кујнски мијалник (оттука и името) затоа што ја повредила ногата и била малтретирана од другите кокошки во кокошарникот.

Елен потоа ги извести следбениците дека кутрата Синки ја скршила фибулата и ќе мора да помине неколку недели за да се опоравува во клиниката. Таа целосно закрепна, но се чини дека другите кокошки кај Елен не ја пречекаа со добредојде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@ellendegeneres)

„Нејзината нога се опорави  но нашите кокошки сè уште ја напаѓаат. За среќа, кокошарникот на нашите пријатели Хари и Меган имаше простор за уште една. Сè уште не сум сигурна каква ќе биде нејзината кралска титула“, напишала Елен. Тогаш таа објави видео од Синки во нејзиниот нов дом. „Се чини дека Синки се сместува во нејзиниот нов дом“, напиша таа.

Ова можеби стана и тренд меѓу познатите англичани, бидејќи и Викторија неодамна му подари кокошка на Бекам.

Таа го изненади сопругот со ваков  интересен  подарок  за Божиќ

– Што да му земам на Дејвид за Божиќ? – изјави во спотот модната дизајнерка и поранешна пејачка. Следбениците им го честитаа Божиќ и претстојните празници, но истакнаа и дека видеото ќе стане вирално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Фото: printskrin/instagram/sussexroyal

Останати вести од Радио Милева