Радио Милева
по мемоарите

Скандал го потресе кралското семејство: Поранешна стриптизета има намера да објави провокативни  фотографии од принцот Хари (фото)

Скандал го потресе кралското семејство: Поранешна стриптизета има намера да објави провокативни  фотографии од принцот Хари (фото)

Поранешната стриптизета Кери Ројал (52) се заканува дека ќе објави голи фотографии од принцот Хари, како и фотографија на која се бакнуваат.

Таа тврди дека се создадени за време на забава во 2012 година во Лос Анџелес организирана од тогашниот дваесет и седумгодишен принц. Како што пренесува Дејли Мејл, таа сака да му се одмазди на принцот Хари бидејќи била навредувана и претставена на најлош можен начин во неговите мемоари.

„Никогаш не сум ги објавила овие фотографии од почит кон него и неговото семејство. Сега не е важно, тој е тотален идиот. Има многу од таа ноќ што ја изостави во својата книга. Изненадена сум што дури и се сеќава на моето име затоа што беше прилично пијан. Заборави да каже што се случи меѓу нас двајца таа вечер, целосно го пропушти тоа“, рече Кери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carrie Royale (@carrieroyale)

Во 2012 година, тој организираше забава со стриптизерки во хотелот Wynn во Лос Анџелес. Набргу потоа британскиот таблоид „The Sun“ објави голи фотографии од принцот и жена како го гушка. Кери во вторникот им се обрати на медиумите и се закани дека ќе објави голи фотографии од Хари на веб-страницата OnlyFans.

Таа истакна дека има многу такви материјали, и дека луѓето ќе бидат шокирани доколку фотографиите станат јавни.

Фото: printskrin/instagram/princeharryofengland

Останати вести од Радио Милева