Радио Милева
бел ангел или поклоник на пеколот?

Бресквица растури на српскиот избор за песна на Евровизија, арно ама… коментарите се обидоа и неа да ја растурат: Геноцидна песна, Хитлеров летниковец и сатанизам!

Бресквица растури на српскиот избор за песна на Евровизија, арно ама… коментарите се обидоа и неа да ја растурат: Геноцидна песна, Хитлеров летниковец и сатанизам!

Анѓела Игњатовиќ попозната како Бресквица  настапи на првата полуфинална вечер со песната „Гнезо орлово“ која рабуди и разбранува многу духови,  како во Србија така и во соседството, односно регионот. Имаше различни обвинувања кои само ја зголемија популарноста на песната, а како што вели старата поговорка – „Не постои лоша реклама“, така што Бресквица доби дополнителен маркетинг поради целото медиумско лудило.

Така на пример, хрватски „Јутрањи лист“ имаше краток осврт на нејзиниот настап:

„Ја обвинија дека е обожавателка на ѓаволот, дека има геноцидна песна и пее за викендицата на Хитлер: Погледнете како се појави“, е насловот на споменатиот напис во кој наведуваат дека е фаворит на натпреварот.  но која беше обвинета од дежурните демонолозите пред натпреварот дека е следбеничка на ѓаволот бидејќи под папокот (така велат) ги истетовирала роговите на ѓаволот. Таа на сцената на РТС се појави во бел фустан со етнички мотиви, со ангелски крилја на рамениците и ореол.

„Да, јас сум бел ангел“ – вели Бресквица, која  води на обложувалниците за српскиот избор за Евровизија и покрај оние кои ја обвинуваат дека пее „геноцидна“ песна со која се легитимира масакрот и етничкото чистење на Албанците на Косово. Ги има и оние на кои не им се допаѓа насловот на песната „Орлово гнездо“. Тие ја обвинуваат пејачката дека  наводно ја опеала викендицата на Хитлер“, пишува Јутарњи.

Но, ако се ​​вратиме на онаа стара изрека од почетокот на текстот“ – „не постои лош маркетинг“, а Јутјуб не бележи  прегледи на омраза, туку само брои прегледи…!

Фото:  Printscreen RTS

Останати вести од Радио Милева