Радио Милева
Бисер(а) во семејната школка

Бомбакис стана татко: „Сега веќе животот има смисла, има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе“! (ФОТО)

Бомбакис стана татко: „Сега веќе животот има смисла, има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе“! (ФОТО)

Кристијан Станковски или едноставно Бомбакис /@Bombakis/,  како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра  десетици илјади следбеници.

Нема човек, особено помеѓу помладите кој не знае кој се крие зад овој прекар, освен што не знае што треба да очекува од неговиот следен картон.

Oткако  кон крајот на месец јуни годинава (2023) влијателниот инфлуенсер и подкастер се ожени со неговата девојка Вики, Бомбакис неполн месец подоцна обзнани дека ќе стане татко!

Тој наместо вообичаениот картон со испишана порака, овој пат високо го крена резултатот со фотографијата од ултразвук на која се гледа  дека неговата сопруга носи бебе и напиша: „Најдобриот ‘картон’ што сум го држел во животов“.

А сега, само неколку дена пред дочекот на новата 2024-та  година, момчето со картоните со нова порака  ја обзнани веста дека ова е најдоброто нешто што му се случило во животот.  Дедо Мраз му го донесе најубавиот новогодишен подарок, па Бомбакис за прв пат стана татко!

Имено, неговата сопруга Вики  на свет донесе женско чедо, а девојчето доби преубаво македонско име. Тато Кристијан разбирливо, со порака на картон на својата од бисер поубава ќеркичка и посака: „Добредојде на светов  Бисера“!

Пресреќен, гордиот татко картон пораката ја споделил на својот Инстаграм, а во постот не можел поубаво да ја прикаже својата радост и среќа за приновата:

„Сега веќе животот има смисла, има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе!“ – сподеил Бомбакис.

Со цврста вера ја надмина опаката болест, со надеж дека ќе има подобро утре и  уште долг живот, сега Бомбакис сета своја љубов и ја дарува на малечката штотуку родена принцеза и неговата сакана сопруга, на семејството…  Нека им е живо и здраво малечкото Бисерче во нивната семејна школка!

 

Фото: Инстаграм/bombakis

Останати вести од Радио Милева