Радио Милева
љубовни сеќавања

Билјана Дебарлиева во старите албуми најде спомен стар 31 година, па ја навјасаа спомени од тоа далечно време (фото)

Билјана Дебарлиева во старите албуми најде спомен стар 31 година, па ја навјасаа спомени од тоа далечно време (фото)

ТВ водителката Билјана Дебарлиева важи за една од најубавите дами пред телевизиските камери која со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите.

Со текот на времето направи промени на себе, ја скрати косата, почна пред камери да носи очила, а со тоа дополнително ја нагласи својата посебност.

Во таа природна македонска убавина пред речиси три децении се заљуби и нејзиниот сопруг Јован. Токму на тоа време пред 31 година, кога заппчнала нивната љубовна приказна, Билјана се присети наоѓајќи ретро фотографија од подзаборавените албуми. Таа во кафено фустанче, а тој елегантен до својата сакана.

-Кога во албумот ќе си најдеш фотографија од пред точно 31 година и ти навираат спомени за почетокот на една убава приказна, напиша Биле во описот.

Во една прилика Дебарлиева за почетоците на љубовта која трае и денес таа вели:

-Се запознавме во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме со сопругот. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани. И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес, вели водителката за „Женски магазин“.

Билјана и Јован во брак се 29 години, а секогаш годишнината редовно ја прославуваат со здравица меѓу најблиските. Од бракот имаат две деца, ќерката Ана и синот Марко.

фото:Fejsbuk/ Instagram printskrin biljana debarlieva

Останати вести од Радио Милева