Мегафон

„Bella“ е феномен: Песната на Пајак и Лара надмина десет милиони прегледи на YouTube (Видео)

„Bella“ е феномен: Песната на Пајак и Лара надмина десет милиони прегледи на YouTube (Видео)

На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова на сцената ја претставија нивната најнова дуетска песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит насекаде. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видеоспот за оваа песна, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… во целиот екс-ЈУ регион и речиси насекаде низ Балканот.

Пајак и Лара нема ден а да не постираа видео каде некое момче или девојче се имаше снимено како ја пее оваа песна или танцува на истата.

До денес, видеото кое што е постирано пред три месеци, а се однесува на нивниот настап од „Макфест“ досега има 1, 2 милиони прегледи, додека пак официјалниот видеоспот кој  е промовиран и постиран на YouTube неколку дена после после првото видео, односно, нивниот настап на фестивалот, денес има 10 милиони прегледи, само за 3 месеци.

Потсетете се како звучи „Bella“ и како изгледа видеото за неа (КЛИКНИ ТУКА):