Радио Милева
пред нов предизвик

Андријана Јаневска е мултипрактик дама во полн сјај: Од уметност до молерај со релни шанси да почне да тера и интернационална кариера! (ФОТО)

Андријана Јаневска е мултипрактик дама во полн сјај: Од уметност до молерај со релни шанси да почне да тера и интернационална кариера! (ФОТО)

Секој кој барем малку ја познава Андријана Јаневска знае дека во прапање е мултипрактик дама.

Пејачка, денес е прва виолина во Македонската опера и балет, доцент на Факултетот по музичка уметност, професорка во своето музичко училиште…

Она што неа лично деновиве ја израдува, а и нејзините фанови и следбеници е веста дека стана единствениот изведувач од Македонија кој влегол во финалната селекција на Zada records – мала продуцентско-промотерска и издавачка куќа во сопственост на композиторот Норман Зада. Како што велат имаат значителен буџет за промовирање нови таленти, а  овој натпревар го олеснува учеството и им дава можност на идните ѕвезди да заработат пари и да добијат значително признание дури и ако не победат. Лесно може да се претвори и во ТВ шоу. Ќе бидат доделени пет награди: 25.000 долари за првопласираниот, 10.000 долари за вториот и 5.000 долари од трето до петто место.

Андријана Јаневска на овој натпревар конкурирала со песната   испеана на англиски јазик: „Broken hearted me“, балада стилски налик на оние кои ге пееа една Мараја Кери или Витни Хјустон, со која успеа да влезе меѓу малкуте финалисти.

Настрана уметноста како нејзина животна определба и  професија, Андријана приватно многу работи прави сама и тоа за чудесија. Дури и оние кои навидум им се својствени само на мажите или барем така се смета, но то нејзе не и пречи, да им противречи на предрасудите и нештата да ги прави речиси совршено.

Од уредувањето на  семајниот двор кој изгледа како  рајска градина од бајките…

Преку „on road“ авантурите како бесна моторџика…

Велемајстор(ка) на шаховската табла…

Или страсен спортски риболовец со трската…

Македонската пејачка нема за што не ја бива, и се што ќе допре блеснува во полн сјај…  Па дури и зелената „гуштерска соба“ дома, после нејзиниот „hahd made“ молерај…!

Како тргнала да тера, на музички план има реалнна можност да направи и интернационална кариера, секако, доколку освои една Зада наградите.

Останува само дилемата,  на што потоа ќе ги троши доларите?

Фото: Инстаграм/andrijana_janevska

Останати вести од Радио Милева