Радио Милева
(Анти)талент...

Алармантно: Ана Кораќ реши да запее, сите учесници од „Задруга 3“ избегаа… освен Давид, кој мораше да ја слуша како „завива“! (ВИДЕО)

Алармантно: Ана Кораќ реши да запее, сите учесници од „Задруга 3“ избегаа… освен Давид, кој мораше да ја слуша како „завива“! (ВИДЕО)

Изгледа станува „непишано правило“ ако не сите, барем повеќето  учеснички во реалното шоу „Задруга“ да влезат како стралети, а оттаму да излезат како пејачки!

Така, вчеравечер и Ана Кораќ реши да „пушти глас“, па како што седеше на црвениот троседот во дневната соба, одненадеж му запеа на своето момче Давид Драгојевиќ.  Додека денес е популарно многу  од „новокомпонираните“ пејачки  на естрадата да користат аутотјун ефекти, овој пат на Ана Кораќ изгледа доволен и беше само хелиумот содржан во балонот кој беше наполнет со него, а таа упорно се трудеше да го надува.

Дали токму хелиумот и „удри в глава“ што и се јави порив да пропее се’ уште не е докажано, ама штом Кораќ запеа, сите учесници од „Задруга 3“ избегаа и ја напуштија просторијата.

Единствено нејзинот момче Давид  мораше да остане за да „ужива“ цело време во „вокалните квалитети“  на Ана и нејзиниот обид за изведба на  романтичната балада „Љубов“ од Катарина Живковиќ, со која Кораќ  го потврди својот (анти)талент, докажувајќи дека е „оперирана“ и од глас и од слух.

Погледнете го видеото и слушнете како „завива“ Ана Кораќ:

Останати вести од Радио Милева