Радио Милева
Дон Жуан?

Аца – Лукас отворено проговори за секс аферите со Маца-Дискреција и Маријана Зоњиќ: „Сите сакаме да нè сакаат жените, но прашање е со што се фалиме“ (ФОТО)

Аца – Лукас отворено проговори за секс аферите со Маца-Дискреција и Маријана Зоњиќ: „Сите сакаме да нè сакаат жените, но прашање е со што се фалиме“ (ФОТО)

Српскиот фолк пејач Аца Лукас отворено се осврна на неговиот приватен живот.

„Да не развиваме сега некои теории и филозофии за љубовта, но има вистински љубови кои ти се случуваат многу пати во животот, колку пати ти се случува толку си посреќен. Целата таа емоција им ја пренесов на децата. Тоа е друг вид на љубов, но таа енергија целосно ве исцрпува. Мислам дека веќе не можам да се заљубам, не знам дали е затоа што сум стар или премногу знам“ – се смее Аца.

Бидејќи често го поврзуваат со жени од јавниот свет, пејачот се осврна на некои од поновите случаи.

„Не ме поврзуваат со жени, туку некои  жени самите се поврзуваат со мене. Сето тоа го преживеав, нема да спомнувам имиња, но во последно време имаше разни ситуации. Еве, имаше приказна, ми рекоа: „Вклучи го каналот, се врти  приказна за тебе“… Демек како била со мене, лудувала со мене во Црна Гора… Слушам и сега треба се правдам“ – вели Лукас, мислејќи на Маријана Зоњиќ, актуелна учесничка на „Задруга 5“.

Неодамна уште една, нема да ја именувам, рече дека била со мене, но сега можам јавно да кажам дека за тоа добила пари, била платена од луѓе кои сакале да се занимаваат со мене на тој начин, па добила ситни 500 и нешто до илјада евра“ – открива пејачот и додава за кого се работи:

„Маца, како се викаше … Дискреција. Одамна се зборува дека имала нешто со мене, а вистината е дека еднаш налета како фан, застана да се слика. Сега сум како Дон Жуан… А сум далеку од тоа! Дали мислите дека со такви примероци може да се каже дека некој е Дон Жуан? Мажите сакаат да бидат шмекери, да имаат што повеќе риби, но какви жени се овие? Сите сакаме да нè сакаат жените, но прашање е со што се фалиме“ – вели пејачот.

Останати вести од Радио Милева