Радио Милева

Сè пука од луксуз: Ѕирнете во станот кој Аца Лукас и го остави на поранешната сопрyга (фото)

Сè пука од луксуз: Ѕирнете во станот кој  Аца Лукас и го остави на поранешната сопрyга (фото)

Пејачот Аца Лукас, по разводот со сопругата Соња Вуксановиќ, се пресели во стан во Вождовац, а неговата поранешна и ќерката останале да живеат во семејната вила на Бежанијска коса.

Со оглед на тоа што Соња е многу активна на Инстаграм, често објавува детали од својот дом каде ужива во друштво на ќерките.

Омилен детаљ и е огледалото кое се протега по целиот ѕид, а во кое покрај совршените аутфити кои ги фотографира пред него, можете да ја видите и целата дневна соба, украсена како во бајка.

 

Домот е украсен со уметнички дела, скапи детали, но и убави цвеќиња во кои Соња посебно ужива.

Да потсетиме, пејачот Аца Лукас крена голема прашина со автобиографската книга „Ова сум јас“ во која откри непознати детали од неговиот бурен живот. Најголема врева се крена околу неговиот живот со Соња Вуксановиќ. По детално опишаните кавги и навреди и нападите дека Лукас наводно ја изневерувал , се појавија нови детали од книгата во која пејачот открил дека Соња наводно го изневерувала со кошаркар.

Како што напиша Лукас по бројните расправии, нивниот однос бил исклучително лош, а се се сведувало на заеднички живот поради нивната ќерка и медиумите. Потоа планирале и патување во Америка, но Лукас бил одбиен за виза и Соња решила да оди сама.

Фото: printskrin/instagram//SF__FASHION__STYLE

Останати вести од Радио Милева