Некогашната мисица Дијана Милојковиќ по тешка борба почина вчера на 33 години.
Дијана беше полна со енергија, но животот и се претвори во пекол после една рутинска контрола.
Родена е во Чурпија во 1987 година, а во 2009 година победи на натпреварот „Мис на Србија“. На натпревар во 2014 година стана „Мис на Европа“ и „Мис на спортот“, а по тие успеси продолжи да работи како модел.
Завршила два факултети, Фармацевски факултет и Факултет за менаџмент на кои завршила мастер студии во областа на економскиот менаџмент.
Од мали нозе се занимавала со танц и тренирала тенис.
На 27 години дознала дека боледува од рак на матката и тогаш започна нејзината борба за живот.
Дијана отвори блог на кој даваше совети и ги раскажуваше своите искуства.
Во јавноста стана позната како и девојка на Стефан Кариќ кој и беше најголема поддршка во текот на борбата со болеста.
Кога Дијана ја изгубила косата поради хемотерапиите, тогаш и Стефан во знак на поддршка ја скрати косата на ќелаво.
Стефан Кариќ го истетовира ликот на мисицита, но и ја раксина врската со Дијана.
Дијана објави дека причина за нивното раскинување е неверство на Стефан, но и дека сака да остане во добри односи бидејќи и бил поддршка.
Последна нејзината објава на социјалните мрежи е пред еден месец кога објави дека наскоро нејзината сестра ќе добие бебе.