Промотер

ТАРА добро знае што е тоа – „Маска од насмевка“ (ВИДЕО)

ТАРА добро знае што е тоа – „Маска од насмевка“ (ВИДЕО)

Со најтоплото годишно време некако најдобро во пакет одат морето, песокот, плажата, згодните девојки, забавите или летната романтика… и секако, песната!

Токму во тој стил  Александар Тарабунов,  се претстави со својата нова песна „Маска од насмевка“ која уште на прво слушање ветува дека има потенцијал да стане летен хит.

Тара песната ја најави уште пред еден месец, кога откри и дека автор на музиката е самиот тој, а стиховите се на Робин Зимбаков, додека сето тоа го аранжираше и продуцираше постојаниот соработник  на пејачот,  Роберт Билбилов.

Ниту еден хит не би бил целосен без соодветна визуализација, а за тоа се погрижил уметничкиот фотограф и режисер Зоран Зонде Стојановски, екранизирајќија ја песната со кадри од преубавото црногорско крајбрежје и делови од стариот град во Будва.

„Маска од насмевка“ доаѓа како своевидно логично продолжение на минатогодишниот макфестовски хит „Би те одбрал само тебе“, какои преработките на старите теми на Билбилов во латино стил, отпеани во дует заедно со младата Барбара Поповиќ, што навестува дека најверојатно би требало  наскоро и да резултира со комплетен материјал за албум од Тара. 

Во меѓувреме уживајте во звуците и кадрите од „Маска од насмевка“.