Радио Милева
конечно кам-бек?

Ѕвездата ја врати ѕвездата на естрадната сцена: Ламбе Алабаковски и Врчак со заеднички настап ги израдуваа фановите (видео)

Ѕвездата ја врати ѕвездата на естрадната сцена: Ламбе Алабаковски и Врчак со заеднички настап ги израдуваа фановите (видео)

Ламбе Алабаковски и Раде Врчаковски Врчак вчера после подолг период повторно застанаа еден до друг и заедно ја испејаа песната „Спасете ме другари“.

Таа песна тие ја снимија заедно во далечната 2006 година, а сега после толку години со тон емоциии се споија повторно.

„Моите молитви се остварија. Ти благодарам  Боже, вчера тоа ми се потврди! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на Македонската сцена и музика“ – напиша Ламбе под видеото кое Ламбе го објави на социјалната мрежи Инстаграм, по повод враќањето на Раде Врчаковски – Врчак на естрадната сцена, по неговото долгогодишно отсуство.


Тие двајца заедно пееја и ги забавуваа гостите на една свадба, а под видеото се редеа позитивни коментари каде многубројните обожаватели оставаа пораки дека би биле пресреќни Врчак повторно да се врати на музичката сцена.

„Испишете уште една ера“, „Пораснавме со неговите предобри хитови во 2000-тите“,„Не можам да верувам“ , „Врчак те сакаме“, Врати се“ – беа дел од многубројните пораки.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ламбе Алабаковски

 

Останати вести од Радио Милева