Радио Милева
„погрешен“ избор?

„Зошто пееш на бугарски кога си Македонец“? – Дарко Ѓорѓески во „Ѕвездите на Гранд“ за малку не доби директна дисквалификација од Саша Поповиќ (ВИДЕО)

„Зошто пееш на бугарски кога си Македонец“? – Дарко Ѓорѓески во „Ѕвездите на Гранд“ за малку не доби директна дисквалификација од Саша Поповиќ (ВИДЕО)

Младиот македонски пејач кој живее во Грац, Австрија, Дарко Ѓорѓески од тимот на Цеца, во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Амна Јусиќ од тимот на Марија Шерифовиќ.

Тие настапија последни во емисијата, а Дарко најпрвин се претстави со баладата „Тајно моја“ од Тоше Проески и на изненадување на многумина, па и на самиот Саша Поповиќ, следна песна што ја испеа беше  „Сен Тропе“ од  популарниот бугарски пејач Азис.

И двајцата кандидати освоија по пет гласови што не беше доволно директно да се пласираат  во следниот круг. Но она што ги изненади сите во студиото беше коментарот на Саша Поповиќ наменет за пејачот од Македонија.

„Што си ти по националност?“  -го праша креативниот директор Поповиќ нашиот натпреварувач.

„Македонец“ – му одговори Дарко кој има гостиварско потекло.

„Па, зошто тогаш пееш на бугарски? Ова е дисквалификација затоа што го прекрши правилото“, заклучи Поповиќ по што во разговорот се вклучија и останатите претставници на жирито. Босанац му се придружи на Поповиќ во мислењето,   но, на Дарко  „главата му ја спасија“ другите членови на жирито кои се спротиставија велејќи дека ние на Балканот сите сме слични и се разбираме?!

Ја поддржувам идејата тука да се пее на сите балкански јазици. Кај мене на Милиграм ми гостува Азис со една интересна песна, но тој инсистираше да пее на српски. Тоа го поддржувам, додаде Александар Милиќ Мили.

Ставот на Мили веднаш го подржа Вики Миљковиќ, но дискусијата околу јазиците ја прекина Поповиќ кој им кажа на кандидатите:

„Добро, повеќе не мора да дискутираме, и двајцата кандидати одите во бараж и нека ви е со среќа“, им порача тој на Дарко и Амна, а Цеца затоа што го пушти нејзиниот кандида да се бори понатаму го награди Поповиќ со бакнеж… овој пат во образ!

Но затоа во баражот беше густо и напнато до самиот крај, но Дарко и Амна сепак успеаја да поминат во следниот, седми круг.

Настапот на Дарко погледнете го  во видеото во продолжение на 2 часа 39 минути и 30 секунди (02:39:30):

Останати вести од Радио Милева