Радио Милева
вистински рај

Ѕирнете во луксузната вила на Јоксимовиќ: Вака изгледа скапиот дом на Жељко и Јована (фото)

Ѕирнете во луксузната вила на Јоксимовиќ: Вака изгледа скапиот дом на Жељко и Јована (фото)

Во 2018 година, водителката Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг пејач Жељко Јоксимовиќ се преселиле од стан во Врачар во прекрасна куќа во Сењак, која ја купиле од нивни блиски пријатели..

Според информациите од добро упатени извори, брачната двојка за овој имот издвоила дури 2,5 милиони евра, а потоа вложиле дополнителни средства за да го украсат по свој вкус, пренесува Курир.рс

Куќата во Сењак зрачи со луксуз и елеганција и секое катче е уредено до најмал детал. Подот е поплочен со мермер, а внатрешноста е опремена со скап и модерен мебел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mina Joksimović (@minajokssimovic)

Особено се издвојуваат елегантното бело пијано и пространата, модерно опремена бања со големи огледала, која е омилено место за правење селфи на ќерката на Јоксимовиќ, Мина.

Во склоп на вилата има и огромен базен во кој ужива целото домаќинство, особено Мина која често споделува моменти од овој луксузен дом на социјалните мрежи.

Семејната куќа на Јоксимовиќ често ја посетуваат членовите на потесното семејство на Жељко, а трпезаријата со широки прозорци долж едната страна и ѕидови од тули е  местото за собирање.

Инаку, Жељко Јоксимовиќ е во хармоничен брак со водителката Јована, со која ги има ќерките Ана и Срна и синот Коста, додека Мина ја доби од првиот брак со поранешната сопруга Весна.

Фото: Printskrin/Instagram/Paparazzo Lov/ Jutjub/minajokssimovic/X

Останати вести од Радио Милева