Промотер

Запознајте го „Девојчето со долгата коса“: Стефанија е „Едно моме“, кадарно за многу нешта (ВИДЕО)

Запознајте го „Девојчето со долгата коса“: Стефанија е „Едно моме“, кадарно за многу нешта (ВИДЕО)

Новиот видео запис на Стефанија за песната „Едно моме“, дел од албумот „Девојчето со долгата коса“ кој неодамна беше промовиран во Анастасија Центар од Битола, во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World.

Стилот на песната е современ синт поп со етно-џез примеси, авторска музика и текст на Стефанија, снимани во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, микс на демо прави Петар Димитровски, нов микс и мастеринг доработува Владимир Аговски. Гости во песната се Владимир Николиќ на труба и Владимир Враниќ на гитара. Видеото го сними Владимир Бошковски, а видео монтажата ја изработи Стефанија.

Аудио и видео продукција е на Welcome to Stefanija’s Music World. Костимите се на Анастасија Зулевска, комбинација од колекците „Бесконечност“ и „Петте елементи“, а за фризурата се погрижија стилитите „Goran Coban “, со салони во Чикаго. Во видео записот е вклучено делото насловено „Ден без дожд“ на уметницата Бојана Артиновска.

Дел од видео записот на песната е снимен на познатите „Диховски капејнци“, со цел да се пренесе поврзаност, почит и восхит кон природата, да се пренесе инспирацијата која ја добиваат битолчаните од убавините на планината Баба со врвот Пелистер, преточувајќи ја понатаму во музика, откако се враќаат во градот, односно во креативната Битола.

Стефанија, на промоцијата, ја долови поентата на самиот албум дека „Девојчето со долгата коса“ е всушност таа, малото девојче кое од дете расте и се развива на сцена, се пронаоѓа, прераснува во свесна личност, повторно се враќа на основните и суштински детски потреби, односно вистинските вредности како хуманост, љубов и среќа. Се открива себеси како единка која се наоѓа на ова македонско тло, носејќи ги со себе менталитетот и културата кои влијаат врз градењето на една личност.

Опеано е тоа моме или девојче кое сака да споделува љубов и среќа, да помага на другите и да биде вистински поврзано со својата душа, давајќи акцент на природната убавина.

Албумот е како една автобиографска музичка приказна која пренесува пораки и сите песни се поврзани една со друга.

„Едно моме“ е прв од низата видео записи кои следуваат наскоро од Стефанија, а истиот проследете го во продолжение…