Радио Милева
болка што не стивнува

„Запеј им на тие околу тебе“: Панчо-ДНК со емотивни зборови за неговата мајка на денот на нејзиниот роденден  (фото) 

„Запеј им на тие околу тебе“:  Панчо-ДНК со емотивни зборови за неговата мајка на денот на нејзиниот роденден  (фото) 

Панчо-ДНК пред девет години се соочи со загубата на  најважната личност во неговиот живот, неговата мајка, Каќуша Свилиќ.

Тој секоја година на денот на  нејзиниот роденден споделува колку му недостига,  а таков случај беше и сега, бидејќи таа празнината останува неисполнета.

Неговото срце е скршено, а таа рана останува вечно да боли.

„Откако не си тука, секој твој роденден е рана која не зараснува. Ќе останеш мој наголем пораз. Среќен роденден таму горе некаде и запеј им на тие околу тебе“ – напиша во емотивната порака која ја сподели со јавноста преку социјалната мрежа Инстаграм.

Тој на својата мајка и посвети и една од своите  песни која ја пее со полно емоции:

„Секој од нас изгубил некој свој ближен и сакан. За жал, некој порано, некој подоцна, но болката во срцето и душата е секогаш неподносливо иста“.

„Овој рефрен е посветен на сите оние кои го почувствувале чемерниот јад и болка од прераната разделбата со своите сакани. Запаметете дека саканите личности иако не се тука меѓу нас, тие секогаш живеат во нашите срца сè дури ние ги споменуваме. Овој рефрен е посветен на Каќуша Свилиќ, мојата мајка и вечна хероина од моето детство и младост“ – изјави тогаш Панчо.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева