Мегафон

Замина оперската дива: Почина Монсерат Кабалје

Замина оперската дива: Почина Монсерат Кабалје

Светски познатата оперска дива Монсерат Кабалје почина на 85 годишна возраст, објави Франс Прес.

Како што открива оваа агенција, Монсерат Кабалје починала во болница во Барселона, каде била уште од септември годинава. Нејзината здравствена состојба се влошила уште во 2012 година кога преживеала мозочен удар.

Таа стана позната по своите незаборавни интерпретации на оперите на Росини, Белини и Доницети. За време на нејзината кариера извела повеќе од 90 различни улоги и сними над 80 албуми.

Таа исто така соработуваше со легендарниот поп-пејач, покојниот Фреди Меркјури од групата „Квин“, со кого  заедно ја снимија песната „Барселона“, која подоцна стана химна на летните олимписки игри што се одржа во Барселона во 1992 година, а јавноста се’ уште ја памети нивната спектакуларна изведба на овој настан.

Фото: AP Photo/Eckehard Schulz