Радио Милева
возбуда

За Викторија Лоба пролетта порано пристигна како во бајка, има ново име – се вика МАЈКА (фото)

За Викторија Лоба пролетта порано пристигна како во бајка, има ново име – се вика МАЈКА (фото)

Велат, кој чека ќе дочека, а на Викторија Лоба и се исполни желбата за она што го чекаше месеци наназад.

Убавата македонска пејачка со руско потекло имаше специјален ден полн со возбуда и љубов во најсилна мера. Имено, за Лоба возбудата се состоеше во исчекувањето да ја дочека и види мајка си Татјана која најпосле дојде во Македонија откако се омажи.

Ќерката со букет во рацете, трепет во душа и попглед кон местото од каде пристигнуваат патниците на скопскиот аеродром, со врисок ја пречека мама кога ја здогледа.

Татјана со раце полни куфери прво нешто реагираше со широка насмевка кога ја здогледа својата наследничка, а потоа со еуфорично трчање една кон друга за соединување до ерупција на вулкан од емоции.

Следно, се подразбира беа силните прегратки и бакнежи за кои мајката и ќерката не знаеа да кажат доста кога не се виделе долго.

За потсетување, мајката на Викторија Лоба се омажи со нејзиниот избраник Тимоти пред речиси9 година ипол на венчавка во Охрид која се случи пред ќерката да ја направи свадбената церемонија со сопругот Ѓорѓи.

Календарски пролетта не пристигнала, но за Лоба таа веќе е тука како во бајка и има друго име, се вика МАЈКА.

фото: Instagram printscreeen/ victorialoba

Останати вести од Радио Милева