Радио Милева
прва пред сите...

За Снеже Велков секој ден може да биде Илинден: Водителката со празникот малку подрани или навреме си резервираше селфи со македонските револуционерни великани? (ФОТО)

За Снеже Велков секој ден може да биде Илинден: Водителката со празникот малку подрани или навреме си резервираше селфи со македонските револуционерни великани? (ФОТО)

Македонската ТВ водителка и екс-пилатес инструкторка Снеже Велков само што се врати од одмор и веднаш се фати за она што и е секојдневна здрава навика и рутина – вежбањето. До душа и  додека летуваше не забушаваше, па и таму си ја одработуваше редовната тура, дневна фискултура… И тоа со гумичка, која постојано си ја носи во џебот. Или поточно ластик, за да не помисли некој на нешто друго, иако и во тоа нема ништо лошо и не е грев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Штом летувањето заврши и се врати дома, покрај гумичкта на русокоста водителка и останатите реквизити и станаа достапни и на дофат, па затоа Снеже првото нешто што го грабна и го јавна, беше нејзиниот спортски велосипед. Опремата претходно комплет на неа, од кацига, ракавици, патики и спортски хеланки и потоа правец „тур де Скопје“, по патеката на кејот на Вардар.

А, кога ќе возиш по кејот, од каде и да тргнеш од исток или запад, неминовно е да стигнеш до Камениот мост и плоштадот Македонија во центарот на македонската престолнина. Таму е време за малку одмор, колку да се земе здив на плоштадот на големиот град, пред да продолжиш понатаму или вратиш назад.

Но, овој пат синооката убавица  ја искористи  својата велосипедска пауза и за да ја поздрави и да и’ се поклони на македонската кауза. Онаа револуционерната, од 1903-та.

Имено, Снеже Велков покажа дека за неа секој ден може да биде Илинден. Можеби ден-два претходно, ама сеедно… Водителката малку со празникот подрани или навреме си резервираше селфи со македонските  револуционерни великани?

Зашто, како што самата напишала на фотографијата покрај двата споменика: „Да си се усликам на време до Гоце Делчев и Даме Груев… За Илинден ќе бидат зафатени, нема да може да се стигне до нив“.

И проклето е во право, зашто на политичарите им текнува на револуцијата, паметниците и спомениците само за време на празниците. За тогаш да се сликаат, искажувајќи патриотска почит кон великаните на револуцијата или само колку за да „го направат редот“ пред лицето на нацијата? До душа, кој како, ама нашата водителка вака – со селфи предвреме среде бел ден, за честит 120 години Илинден !

Фото: Инстаграм/velkovsneze

 

Останати вести од Радио Милева