Радио Милева
и на ваша глава...

За пејачката Сања Гроздановска протоколот за свадби – не важи… Сани има свој, скроен по нејзина мерка! (ФОТО)

За пејачката Сања Гроздановска протоколот за свадби – не важи…  Сани има свој, скроен по нејзина мерка! (ФОТО)

Корона пандемијата полека како да стивнува, на општа радост на сите нас, а најмногу на оние кои беа најпогодени и тоа не само здравствено – музичарите и естрадата! Арно ама, естрадата и Владата никако да се погодат, никако да се усогласат и договорат околу новите протоколи, со кои музичарите ќе можат да настапуваат.

Надлежните дозволија да се свири и пее само на свадби и тоа под протоколи кои се за естрадните уметници апсолутно неприфатливи, а уште помалку остварливи. Гостите по шестмина на маса еден до друг може, а музиката небаре е „лепросана“, на „сто метри“ од сватовите. На подиум не може да се пее, а одење по маси – никако…

И така некако, естрадата и Владата никако да се договорат околу протоколите, а свадбите веќе доцнат… И тоа повеќе од една година. Меѓу најзасегнатите покрај малдоженците, секако – народњаците!

А меѓу нив пак, една од најгласните, Сања Сани Гроздановска. Ионака позната како пејачка што „уста не затвора“, што некој ќе го сфати можеби како професионална деформација, атрактивната кумановка е една од оние кои се „без влакна на јазикот“… Не се срами ниту пак се плаши, гласно и јасно да го искаже својот став по било кое прашање: Од најобичните секојдневни нешта што и пречат, па до оние сериозните работи против кои сме сите ние, ама малкумина од нас имааат… „знаете веќе што“, тоа јавно да го кажат!

Така и овој пат, Сани на владиниот Протокол за свадби и семејни веселби одговори со свој… За неа нивниот – не важи, па Сани си скорои сопствен протокол, по нејзина мерка. Кога ќе прочитате што се’ содржи, ќе видите дека фолкерката била во право.

Затоа ако во престојниов период се најдете на некоја свадба , семејна веселба или каква и да било прослава, внимавајте како се однесувате… Да не „ви се скрши“ и на Ваша глава!  Или и тоа беше забрането?

Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja

 

 

Останати вести од Радио Милева