Радио Милева
„дебели“ хонорари

Откриено колку пари земаат познатите хрватски пејачи на приватни забави, а цифрата воопшто не е мала (фото)

Откриено колку пари земаат познатите хрватски пејачи на приватни забави, а цифрата воопшто не е мала (фото)

Хрватските пејачи Јелена Розга (46) и Тони Цетински (54)  се популарни низ регионот, и ги полнат сите сали во кои настапуваат.

И двајцата имаат повеќедецениска кариера и не им е непознато да пеат на приватни забави, како што се свадби.

Сега е откриено колку пари земаат за ангажман на свадби, а цифрата не е воопшто мала.

Поради големата побарувачка за „свадбени изведувачи“, цената на нивните настапи е речиси двојно зголемена во последните неколку години, пишува „Стори“.

Јелена Розга на тој начин, според овие изјави, добива по 6.000 евра по свадба, додека цената за нејзиниот колега е многу повисока.

Тони Цетински наводно добива 10.000 евра за ангажман на свадбените веселби, а во неколку наврати јавно кажа дека нема проблем да пее секаде каде што има желба за неговата музика.

Фото: Принтскрин/Ана Паунковиќ

Останати вести од Радио Милева