Радио Милева
модерно и префинето

За адреналин и возбуда на тркачката стаза, за спокој на душата во семејната оаза: Вака изгледа домот на Иџе (фото)

За адреналин и возбуда на тркачката стаза, за спокој на душата во семејната оаза: Вака изгледа домот на Иџе (фото)

Кога се зборува за автомобилизмот во Македонија од днешен аспект, тогаш се’ почнува и завршува со името на Игор Стефановски- Иџе. Нашиот најдобар автомобилост првата победа ја имаше во далечната 2003 година, а оттогаш до денес Иџе освои многу титули, а стана и двократен европски првак.

Иџе несебично може да се пофали дека се проба и со европскиот тркачки крем во своја конкуренција, а пред да стапне на таа сцена, на државно ниво освои сѐ што можеше да се освои во неговата тркачка класа.

Иџе останува перменентен во она што е најдобар, неговиот освојувачки порив и темпераментен дух го донесоа до она што е денес – да продолжува да реди успеси на сите стази, особено оние европските кои се негова адреналинска храна.

Работата која секогаш со себе го носи предизвикот и неизвесноста, досега го однесе во многу земји, па освен во автомобилот, Иџе често лета од една дестинација до друга, позциција од седиште каде е само патник.

Најчесто негова придружба и поддршка е сопругата Емилија која е првата на која може да се потпре во секој момент и ситуација.

Иџе и Емилија живеат возбудливо, пропатуваа многу, но ниедно место не е како нивната семејна оаза во скопски Аеродром. Иџе е од оние познати кои не ја чуваат приватноста скржаво за себе, па следбениците често може да ѕирнат во домот каде живее со сопругата, синот и ќерката.

Од приложените фотографии може да се види префинето уреден простор и ентериер во кој преовладува колоритот и морскиот амбиент со доминантна сина нијанса.

Особено вчеталив е панорамскот поглед кон крејот на Вардар од масивните прозорци од дневнот простор.

Минималистички и модрно од секој аспект кој сигурно е нивното место на спокојот од семејната хармонија во кое Иџе ни дозволи да ѕирнеме.

фото:Фејсбук/Игор Стефановски-Иџе

Останати вести од Радио Милева