Радио Милева
заедно на концерт

Врската на Бред Пит со Емили Ратајковски беше шпекулација, а сега тој наводно е во врска со екс- сопругата на својот колега (фото)

Врската на Бред Пит со Емили Ратајковски беше шпекулација, а сега тој наводно е во врска со екс- сопругата на својот колега (фото)

По поврзувањата на Бред Пит (58) со Емили Ратајковски и Никол Потуралски, странските медиуми пишуваат дека актерот нашол нова среќа.

Имено, актерот во неделата на концерт на Боно Вокс во Лос Анџелес бил фотографиран со Инес де Рамон (29), поранешната сопруга на Пол Васли.

Парот наводно заедно стигнал на концертот во околу 20 часот пред да се најдат со некои од познатите пријатели на Бред, вклучувајќи ги и Синди Крафорд и Шон Пен.

Како што пренесуваат медиумите, Инес де Рамон која во септември се развела од актерот Пол Весли, и Бред Пит делувале среќно и задоволно заедно, а фотографиите кои се појавиле само докажуваат дека новопечениот пар бил навистина среќен.

По концертот актерот бил забележан како заминува во својот „Tesla“ автомобил, додека Инес наводно отишла со телохранителот на Пит.

Дали навистина станува збор за нова романса или само се шпекулации кои кружат во Холивуд, останува времето да покаже…

Инаку, како што споменавме, Инес е поранешна сопруга на Пол Весли, најпознат по улогата во серијата „The Vampire Diaries“. Инес е активна и на социјалната мрежа Инстаграм каде што има околу 112.000 следбеници.

фото:getty Images.twitter/Instagram

Останати вести од Радио Милева