Радио Милева
среќен и задоволен

Војаж ужива во новата љубов: Раперот објави романтична фотографија со својата девојка (фото) 

Војаж ужива во новата љубов: Раперот објави романтична фотографија со својата девојка (фото) 

Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, по врската со популарната пејачка Бресквица долго време беше сам.

Често се шпекулираше за неговиот приватен живот и го поврзуваа со неколку девојки, а тој одби да ги коментира овие наводи.

Сепак, летово се појавија слики и видеа од младиот рапер со извесна Тамара Кујачиќ, а тој често изјавуваше како е во среќна љубов која сака да ја држи подалеку од очите на јавноста со оглед на тоа дека неговата девојка не е јавна личност, пишува IDJTV.

Тамара живее во Норвешка, а како што изјавил Михајло, врската на далечина не им претставува проблем бидејќи постои голема желба врската да успее.

Се чини дека Војаж одлучил почесто да споделува љубовни моменти на своите мрежи. Па сега сподели слика со девојката од лифтот. Иако нејзиното лице е делумно покриено со телефонот, она што на сите им падна во очи е широката насмевка која ја имаше раперот, а очигледно беше дека ужива во љубовта.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес

Останати вести од Радио Милева