Радио Милева
впечатлива улога

Водителката на РТС во „жестока акција“ со синот на Драган Бјелогрлиќ (ФОТО 18+)

Водителката на РТС во „жестока акција“ со синот на Драган Бјелогрлиќ (ФОТО 18+)

Милица Томашевиќ е една од водителките на шоуто „Луда народна ноќ“ на РТС, но гледачите имаат можност да ја проследат и во серијалот „Сенки над Балканот 2“, во која таа игра многу впечатлива улога како проститутка.

Таа е актерка по професија и за прв пат се испроба пред камерите во сериите „Воена академија и „Соседи“, па овој пат и беше многу полесно и повозбудливо на сетот. И покрај фактот што игра промискуитетна девојка, а тоа подразбира многу секс сцени, таа вели дека тоа не било проблем за неа и дека со помош на партнерот во серијата, младиот Алексеј Бјелогрлик – синот на Драган Бјелогрлиќ, таа успеала да одигра се’ како што треба.

Милица уште на почетокот морала да снима експлицитни сцени со синот на Бјелогрлиќ.

„Првата сцена што ја снимав во серијата беше сексуалната сцена. Јас си реков: Па, кога играш проститутка, што друго очекуваш? Не можам да кажам дека не ми беше непријатно, но вознемиреноста траеше сè додека не се појави камерата. Мојот колега Алексеј Бјелогрлиќ е мој главен партнер со кој и приватно многу добро се разбираме, така штоне ми беше тешко да одиграм како што треба.

Публиката ќе може да  види една од впечатливите сцени на Милица во „Сенки над Балканот 2“ во петтата епизода. Во моментот кога соперничкиот клан го напаѓа и пали „Јатаган Маало“, на боксерот кој го игра младиот Бјелогрлиќ, поважен му е сексот. И тоа со повозрасна проститутка, на скалила.

 

Останати вести од Радио Милева