Радио Милева
честитки се редат

Во семејството на Антониа Гиговска бројот на членови продолжува да расте: Неизмерна радост за доаѓањето на уште едно бебе (фото)

Во семејството на Антониа Гиговска бројот на членови продолжува да расте: Неизмерна радост за доаѓањето на уште едно бебе (фото)

Изминатиот месец јули во семејството на пејачката Антониа Гиговска се славеше за доаѓањето на бебето Киан, потоа во месец август следеше свадба, односно се ожени нејзиниот брат Дарко.

Уште тогаш во најава беше дополнителна голема радост за сите, доаѓањето на уште едно бебе.

Сега времето во исчекување измина, а тоа бебенце дојде на свет и се вика Миха.

Братот на пејачката доби син и со сопругата Дани се остварија како родители, а Антониа стана тетка.

Семејството  Гиговски е проширено со две машки бебиња кои допрва ќе го прават шарен и убав нивнот свет.

Гордата тетка не можеше да ја сокрие радосната вест и преку своите „стори“ на Инстаграм сподели дека на свет дошол нејзиниот внук и братучед на Киан.

-Станав тетка на мојот малечок Миха, напиша Антониа.

Среќниот татко пак, исто така го наполни својот профил со честитките кои ги добиваше, а сподели и прва фотографија од рачето на новороденото синче.

Инаку, братот на Антониа се ожени во месец август и направи голема свадба, а тогаш бебето беше во стомакот на невестата која сега стана среќна мајка.

Честитки!

фото:Instagram printscreen/ darko.gigoo/ antoniagigovskaa

Останати вести од Радио Милева