Радио Милева
За убаво да е!

Во домот на Симона Поповска од богато – побогато: Полни раце, полна душа и срце за Свети Никола (фото)

Во домот на Симона Поповска од богато – побогато: Полни раце, полна душа и срце за Свети Никола (фото)

Со доаѓањето на месец декември, на социјалните мрежи се повеќе може да ги видиме новогодишни декорации кои дури и само што светкаат, ни носат некоја позитивна енергија, верба и надеж за поубаво утре.

Со доаѓањето на празничните денови, секоја  годинаможеме да ѕирнеме во домот на познатите, а овој пат меѓу оние кои и годинава дозволија да видиме дел од домот и новогодишниот амбинет во него, е и пејачката и докторка за естетска корекција Симона Поповска.

Освен декорацијата која секоја година е поинаква кај Симона, овој пат се решија да го слават и големиот христијански празник Свети Никола, односно именденот на синчето Никола.

Богата посна трпеза, полна душа и срце со собир на најдрагите од семејството.

Домаќинката со атмосферата се пофали на својот Инстаграм, па објави неколку кадри од дневната соба и празничниот амбиент во истата.

Симона и нејзиниот сопруг Крис во 2023 станаа уште побогати, односно сега се родители на две синчиња, првиот е славеникот Никола, а на семејството се приклучи и помалото братче Стефан.

Периодот е создаден за позитивна енергија која и тоа како ни е потребна на сите, а кога има и слава во домот, тогаш чувствата на убаво се  дуплирани.

фото: Instagram printscreen/ simonapopovskaofficial

Останати вести од Радио Милева