Мегафон
R"N'R во живо

Вистинска „експлозија“: Тоа што го ветија и го исполнија – еве како беше на промоцијата на новиот албум на „Културно Уметнички Работници“ (ВИДЕО)

Вистинска „експлозија“: Тоа што го ветија и го исполнија – еве како беше на промоцијата на новиот албум на „Културно Уметнички Работници“ (ВИДЕО)

Како што и најави пред промоцијата групата „Културно уметнички работници“ навистина и се случи голема R’N’R експлозија. Вчеравечер на 6-ти април 2023, на договореното место „МАККА бар“, во договореното време скопската рок група во живо ја  одржа промоцијата на 7-миот по ред албум, со наслов „Панк Кабаре“.

На промоцијата,  присутната публика уживаше во изведбата, а  членовите се потрудија во нивен стил да го извадат најдоброто од себе, додека обожавателите се разбира  не им дозволуваа да заминат.

А каква беше атмосферата таму, кој не успеал лично да присувствува на концертната промоција на новиот албум на К.У.Р може да погледне ексклузивно во галеријата од Вистина.ком.мк

Инаку, „Културно Уметнички Работници” постојат уште од  1999 година. А, нивното формирањето на овој состав е резултат на големото дружење помеѓу членовите на групите “Тотално Опуштање”, “No Name Nation”, “Бомбашки Процес”, “Жолтица на Бродот Баунти” и “Рок Агресори”.

Имено членовите на овие групи одлучиле  да се состават во едно и со здружени сили да се борат за ширење на рок културата.

Групата К.У.Р. досега одржале бројни самостојни концерти, а настапуваат и на сите значајни фестифали во Македонија но и во регионот, а сцената ја делеле со бендови како: „Рамбо Амадеус“, „Забрањено пушење“, „Рибја Чорба“, „Дарко Рундек“, „Група твог живота“, „Лоши деца“, Fighting Windmills, No Name Nation,New Police State,Let 3, Defekt итн.

Групата посветено работеше на нивниот најнов албум „Панк Кабаре“, а од вчера официјално е поставен и спотот за синглот „Беќар“ на познатиот Јутјуб канал.

Фото: Вистина.ком.мк