Промотер

Виртуозот на хармоника Димитар Митровски и даде своја нота на животната хармонија во – „LIFE HARMONY“ (ВИДЕО)

Виртуозот на хармоника Димитар Митровски и даде своја нота на животната хармонија во – „LIFE HARMONY“ (ВИДЕО)

Младиот македонски инструменталист и виртуоз на хармоника Димитар Митровски, со своја авторска композиција го најави неговиот трет албум. Темата носи наслов „LIFE HARMONY“ чиј  комплетен автор  (музика и аранжман) е самиот тој.

Покрај него, во обликувањето на истата  свој музичи придонес дале и Петар Христов – сопран саксофон, Ангел Ќосев – пиано, Иван Петровски – гитара, Горан Гешовски – бас гитара, Гоце Илиоски – тапани и ратко даутовски – перкусии. Музички продуцент на темата е Ангел Ќосев која е снимена во неговото студио “Подрумот”.

Во видеозаписот кој го осмислил и режирал Даниел Јовески, снимен во урбаниот централен дел среде сообраќајна врвулица и метеж во македонската престолнина, покрај двајцата инструменталисти на хармоника и сопран саксофон се појавуваат уште и танчарите Бобан Русески и Анастасија Данчевска. Видеото го потпишува „Sustain Production“.

„Драги пријатели, сакам да го споделам со вас емоционалниот момент во кој мојата најнова композиција го најде светлото на денот. Се надевам дека ќе ја доживеете, како што јас го доживеав додека ја создавав. Преку маестралниот талент на режисерот Даниел Јовески, оваа композиција стана нешто повеќе од звучен експеримент. Стана аудио визуелно патување преку темпото на нашиот брз и динамичен живот, каде што секоја музичка нота и видео кадар раскажува приказна за нашиот секојдневен брз ритам и животната хрмонија.

Се надевам дека ќе уживате во ова музичко искуство и ќе се впуштите во магијата што ја носи. Благодарам за вашата поддршка и се надевам дека ќе ви се допадне овој проект“ – споделил во најавата младиот автор и музички виртуоз.

 

Како оваа музичка фолк-џез партитура звучи и сето ова визуелно обликувано изгледа, проследете од видеото вопродолжение: