Радио Милева

Вилијам и Кејт доживеале вистинска драма на небото додека тој пилотирал со авионот!

Вилијам и Кејт доживеале вистинска драма на небото додека тој пилотирал со авионот!
фото:инстаграм

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон искусиле  вистинска драма кога според извештаите на странските медиуми, нивниот авион нашиол на бура.

Авионот на  британското Кралско воздухопловство во кој биле  принцот Вилијам и војвотката Кејт, требало да го одложи слетувањето во Исламабад  и да се врати во Лахор заради невремето во кое влетаа.

Принцот Вилијам, кој претходно беше пилот за спасувачки хеликоптери, им рече на новинарите дека тој и Кејт се добри и дека проблемите се појавиле бидејќи тој летал со авионот, пренесува Ројтерс.

Вилијам и Кејт, кои беа на четиридневна турнеја низ Пакистан, се обидоа прво да слетаат на Равалпинди, а потоа на аеродромот Исламабад, но потоа решија да се вратат во Лахор.

Останати вести од Радио Милева